Peugeot 3008 SUV

Откријте го новиот SUV PEUGEOT 3008 и неговиот уникатен револуционерен стил со веќе докажани SUV кодови. Неговите робустни линии комбинираат моќност и префинетост, динамика и елеганција. Современиот PEUGEOT i-Cockpit® како и гамата на иновативни технологии распоредени во внатрешноста се дизајнирани да ја зголемат Вашата удобност и безбедност. Благодарение на ефикасните мотори PLUG-IN HYBRID , БЕНЗИН и ДИЗЕЛ почувствувајте го агилното управување и задоволството при возење.

Освежен Дизајн

Инспиративен дизајн

Надворешната линија на новиот SUV PEUGEOT 3008 го истакнува неговиот наметлив карактер, рамнотежа на моќност и префинетост. Неговиот нов преден дел му дава впечатлив индентитет. Овој врвен модел означува почеток на нова смела ера на современост.

1 / 6
НОВ ПРЕДЕН ДЕЛ

Моќниот и префинет преден дел на новиот SUV PEUGEOT 3008, со својата вертикална решетка без рамка, што се протега кон предните светла, ги најавува естетските кодови на иднината.

i-Cockpit

ПОДОБРЕНО ИСКУСТВО

УНИКАТНО ИСКУСТВО СО PEUGEOT i-COCKPIT®
Со сега обновениот PEUGEOT i-Cockpit®, кој гарантира најдобра ергономска позиција за возење во гамата, искуството при возење во новиот PEUGEOT 3008 SUV станува едноставно и интуитивно, за уште поголема удобност и безбедност.
Неговиот компактен мултифункционален управувач овозможува повеќе сензации и маневрирање. Новиот 10&qout; капацитивен екран на допир е комбиниран со 3D навигација со говорна контрола и multi-touch i технологија. Елегантните хромирани Toggle дирки овозможуваат брз и интуитивен пристап до различните функции за удобност. Конфигуративниот i висококвалитетен head-up дигитален дисплеј, може лесно да се прилагоди i што значи дека возачот не мора да го тргне погледот од патот.
На plug-in хибридната верзија, PEUGEOT i-Cockpit® вклучува дисплеј кој Ви овозможува да имате прегледност на специфичните информации за возење на иструмент таблата во Вашето видно поле (режим на возење, електричен мерач на нивото на полнење и преостанат електричен опсег) и на екранот на допир, статистика за потрошувачка на енергија (електрична и гориво).

ПОВРЗАНОСТ

PEUGEOT Connect овозможува пристап до поврзаните услуги со навигација TomTom за да ги видите информациите за сообраќајот, паркинг, цените на горивото или временските услови, и тн.

Со функцијата Mirror Screen можете да ги користите апликациите од Вашиот телефон кои се компатибилни со Apple CarPlayTM или Android AutoTM на Вашиот екран на допир за да останете поврзани постојано, благодарение на местото за безжично полнење каде што се вклопува Вашиот телефон. Патниците на задните седишта имаат два USB приклучока за нивните преносливи уреди.

Технолошка иновација, системот Hi-Fi FOCAL® може да се пофали со исклучителен квалитет на звукот.

Централните звучници и високотонците се во нова боја Bronze Belem, додека нискотонецот е сместен под совозачкото седиште и со тоа ослободува простор во багажникот.

МОТОРИ

Moтори со внатрешно согорување

Широкиот асортиман на мотори со внатрешно согорување на новиот SUV PEUGEOT 3008 е целосно опремен со системот Stop & Start
- Бензински мотори за задоволство при возењето и перформанси на високо ниво:

PureTech 130 КС S&S BVM6,
PureTech 130 КС S&S EAT8
PureTech 180 КС S&S EAT8.

- Дизел мотори кои комбинираат високи перформанси со намалени емисии:

BlueHDi 130 КС S&S BVM6,
BlueHDi 130 КС S&S EAT8.

Автоматскиот менувач EAT8 со контроли за менување на уравувачот и електрична контрола, овозможува брзо и прецизно менување на степените на пренос благодарение на технологијата Quickshift. Оваа оптимизација на степените на пренос резултира со економичност на горивото и удобност на корисникот и ги интензивира задоволството и удобноста при возење.

Plug-in хибридни мотори

Новиот PEUGEOT 3008 SUV PLUG-IN HYBRID е достапен во HYBRID4 верзија (погон на 4 тркала, 300 КС). Комбинира:

- 147 kW/200 КС PureTech бензински мотор
- два 80 kW/110 КС електрични мотори

Електричната батерија од 13,2 kWh обезбедува електричен опсег од 59 km WLTP (69 km NEDC).
Исто така достапно и во HYBRID верзијата (погон на 2 тркала, 225 КС). Комбинира:

- 132 kW/180 КС PureTech бензински мотор
- 80 kW/110 КС електричен мотор

Електричната батерија од 13,2 kWh обезбедува електричен опсег од 56 km - WLTP (65 km – NEDC).

ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ

ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ

Најновата генерација на системи за „помош при возење“во новиот PEUGEOT 3008 SUV дополнително ја подобрува удобноста и безбедноста во внатрешноста и Ве придружуваат на патот кон автономно возење.

Без разлика дали ги детектираат знаците на патот (проширено препознавање на знаци на патиштата) и дали Ви помагаат во сообраќајот (Drive Assist Plus Pack, ACC, Адаптивен темпомат со функција Stop & Go, Помош за одржување лента со детектирање каде завршува патот или анализираат Вашата околина (Активно детектирање на слепи точки), системите за помош се дизајнирана за возење во целосен спокој.

NIGHT VISION

При ноќно возење, ексклузивниот систем „Night Vision“ со инфрацрвена камера ќе детектира присуство на пешаци или животни до 200m пред возилото, надвор од опсегот на предните светла и ќе Ве предупреди со сигнал за тревога. Автоматско сопирање во итни случаи може да се активира и доколку пешаците или велосипедистите се наоѓаат во близина на возилото.

НАПРЕДЕН GRIP CONTROL

Напредниот Grip Control е пакет кој се состои од оптимизирана контрола на тракцијата, конкретни пневматици и функцијата Hill Assist Descent Control. Овозможува да го прилагодите држењето во различни услови: снег, кал, песок.

Високите перформанси на верзијата HYBRID4, со погон на 4 тркала, овозможува подобра тракција на патот или на тешки терени и исто така има придобивки од функцијата Hill Assist Descent Control.