ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА
Дали имате прашања за електричните и plug-in хибридните автомобили?
Пронајдете ги сите одговори сега во често поставуваните прашања на PEUGEOT.
ПРИДОБИВКИ
Зошто да купите електрично возило, наместо бензин или дизел возило?
Покрај знчајното влијание врз животната средина благодарение на намалената на емисија на CO2, електричното возило PEUGEOT овозможува бројни предности:
- - Непречено возење со 0 бучава, 0 вибрации, 0 менување степени, 0 гориво, 0 емисија на C02 при возење, 0 мирис;
- - Заштеда на гориво и одржување;
- - Без ограничувања во сообраќајот за време на врвот на загадувањето.
100% електрично или plug-in хибрид возило, што да се избере?
Електричното возило не користи гориво бидејќи се напојува со електрични батерии. Тоа е возило со нула емисија кое целосно не загадува. Ако поминувате помалку од 50 km дневно, неговиот опсег (до 362 km) ќе Ви овозможи да го користите спокојно само со едно целосно полнење неделно.
Хибридното возило добива дел од својата моќност од бензински мотор. Целосно хибридното возило ги полни своите батерии преку бензинскиот мотор при возење. Хибридното возило со приклучок мора да биде вклучено во струја за да се наполни батеријата и има вистински електричен досег. Со plug-in хибридното возило може да возите повеќе километри во електричен режим отколку со целосно хибридното возило и овој 100% електричен режим може лесно да се активира од возачот. Електричниот режим Ви овозможува и да го прилагодите Вашиот стил на возење на видот на патот по кој возите.
ТРОШОЦИ
Колку чини полнењето на електрично возило дома?
Цената за полнење на електрично возило се пресметува врз основа на цената по киловат час (kWh) електрична енергија. Потрошувачката на електрично возило варира во зависност од моделот (во просек 15 kWh/100 km) и може да варира во зависност од видот на патувањето и временските услови. (овие цени се променливи и се пресметани со моменталната цена на струјата)
Ако го полните Вашиот PEUGEOT дома, ќе плаќате преку месечната сметка за струја.
Просечна цена: многу поевтина од бензинот.
Пример: полнење на батерија (50 kWh) за 10,235 ден. (со вклучено ДДВ) по kWh = 563 ден. за опсег до 300 km
Еквивалентната цена на гориво за ист опсег може да биде до 435,5 ден. за 100 km
БАТЕРИИ
Која е гаранцијата за батеријата кај електрично возило PEUGEOT?
Може ли да се замени батеријата на електричното возило?
При купување електрично или plug-in хибридно возило, Ве советуваме да се претплатите на планот за сервисирање: сè е вклучено за да Ви гарантира максимално спокојство при користење и препродажба по најдобра цена:
- Сертификат за капацитет на батеријата;
- Замена или поправка на неисправни делови (на пр. батерија);
- Замена на делови што се абат (на пр. сопирачки, бришачи итн.);
- Периодично сервисирање;
- Патна помош (вклучително и празнење на енергија).
Забелешка: нашите батерии имаат гаранција од 8 години или 160.000 km.
ОПСЕГ
Колкав е опсегот на моето електрично возило?
Како можам да го оптимизирам опсегот на моето возило?
Зошто опсегот кај електричниот автомобил е помал кога е ладно?
Кој го сертифицира опсегот кај електричниот автомобил?
ПОЛНЕЊЕ
Како да го полнам моето електрично возило?
Достапни се неколку решенија за полнење за да Ви го олеснат секојдневниот живот со Вашето електрично возило:
- Домашно или приватно полнење: можете да го полните вашето возило директно дома со избирање на домашен приклучок, приклучок со голема моќност или ѕиден полнач;
- Јавно полнење: можете да го полните Вашето возило на повеќе од 350.000 места за полнење во Европа компатибилни со електричните автомобили PEUGEOT.
Колку време ќе биде потребно за да се наполни мојот електричен автомобил?
Времето на полнење не може точно да се наведе бидејќи зависи од неколку параметри:
- Моќноста на станицата за полнење и кабелот за полнење што се користи;
- Временските услови;
- Нивото на наполнетост на Вашата батерија. Колку е пониско нивото на наполнетоста на батеријата, толку подолго време е потребно за полнење.
За да го оптимизирате ова време, инсталацијата на ѕиден полнач во Вашиот дом овозможува значителна заштеда на време.
На пат, користете станици за брзо полнење секогаш кога е можно и пополнете 80% од Вашиот опсег е за 30 минути.
Како можам далечински да го следам полнењето на моето електрично возило?
Достапна бесплатно на IOS и Android, апликацијата MyPeugeot и нејзината услуга за далечинска е-контрола Ви овозможуваат да започнете со полнење од далечина или да го закажете во време по Ваш избор за да ги искористите најповолните временски периоди. Исто така, можете да ја следите во реално време брзината со која се полни Вашето возило и преостанатото време на полнење. Во случај на неочекуван прекин или кога Вашето возило е целосно наполнето, ќе бидете известени преку апликацијата. (во зависност од државата)
Услугата e-Commands бара безбедна идентификација.
За да ја добиете оваа услуга, можете да ги следите овие упатства (во зависност од земјата): https://youtu.be/MxFmmHSI0yQ
Кои се препораките за полнење на мојот електричен автомобил?
Доколку го полните Вашето возило дома, Ви препорачуваме да го полните на ефтина струја (помеѓу 13:00 до 15:00 часот и од 22:00 до 07:00 часот, како и од 22:00 часот (сабота) до 07:00 часот (понеделник) преку викенд) со цел да ги оптимизирате трошоците за полнење. За повеќе детали, можете да ја посетите официјалната веб-страна на ЕВН Македонија.
За да го оптимизирате времето на полнење, инсталацијата и употребата на ѕиден полнач дома Ви овозможува значително заштедување на време (4 часа за да се достигне 80% од опсегот во споредба со 25 часа на стандарден домашен приклучок). На пат, користете станици за брзо полнење и наполнете 80% од Вашиот опсег за 30 минути.
ОДРЖУВАЊЕ
Какво одржување е потребно за електрично возило?
Моторот на електричен автомобил е помалку сложен и има помалку механички делови од моторот со внатрешно согорување, па затоа повеќе не се потребни неколку сервисни операции ако возите електричен погон: промена на масло, ремен за мерење на времето, свеќички.
Плочките или дисковите за сопирачките се исто така дел за заштеда на пари бидејќи нивното абење е минимизирано благодарение на регенеративниот систем за сопирање, што им гарантира подолг век на траење.
Кога треба да закажам термин за сервисирање на мојот електричен автомобил PEUGEOT?
Потребно е помалку одржување од возило со мотор со внатрешно согорување: нема повеќе менување на масло, замена на филтер за масло или спојка или проверка на емисиите. Затоа, Вашите посети на сервис се поретки.
За да управувате со Вашето одржување како што сакате, апликацијата MyPeugeot овозможува виртуелен сервисен дневник што Ви помага да го следите препорачаниот распоред за сервисирање на Вашето возило според внесените информации:
- Тековна километража;
- Просечна годишна километража и информации за Вашата употреба (лична или деловна).
За идеално работење, од Вас се бара мануелно и редовно да ги ажурирате овие информации (освен ако Вашето возило не е поврзано преку Bluetooth или со договор ConnectPacks, во кој случај ажурирањето на километражата е автоматско) и да го евидентирате секое извршено одржување, така што сервисната книга е ажурирана.
Дoполнително, ако се претплатите на нашата дигитална e-book услуга за одржување, ќе имате придобивка и од автоматски ажурирања на операциите за одржување што ги извршуваат Вашите сервисери како дел од планот за сервисирање.
И тоа е бесплатно.
За да ја активирате оваа услуга, закажете термин директно со Вашиот дилер на PEUGEOT.
ПАТУВАЊА
Може ли да патувам на долги релации со електричен автомобил?
Кај целата електрична гама на PEUGEOT Ви е овозможено да имате придобивака од брзо полнење на пат или на автопат.
За само 30 минути, можете да поминете до 300 km од WLTP опсегот. За оптимизирање на полнењето се предлага оптимизирана рута според капацитетот на батеријата, преостанатиот опсег, топографијата на патот и достапните станици за полнење на Вашата рута.
Како можам да бидам сигурен дека имам доволно енергија од батеријата при долги патувања?
Може ли да возам на дожд или снег со електричен автомобил?
Капакот на моторот на возилото и вратичката за приклучокот за полнење гарантираат водоотпорност на електричните компоненти, така што можете да уживате во уникатното чувство на електрично возење на дожд или снег. Погледнете ги нашите совети за безгрижно користење на Вашето електрично возило во секојдневниот живот:
- Пред да го измиете возилото, вратичката за приклучокот за полнење мора да биде правилно затворена;
- Не го мијте возилото додека се полни или не го мијте под висок притисок просторот на моторот или под шасијата;
- Не дозволувајте вода или прашина да влезат во конекторот или приклучокот за полнење (ризик од електричен удар или пожар);
- Не го поврзувајте или исклучувајте приклучокот за полнење со влажни раце (ризик од електричен удар).
ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА
Што е електричен автомобил?
Како работи моторот на 100% електричен автомобил?
ХИБРИДНИ ВОЗИЛА
Што е plug-in хибридно возило?
Која е разликата помеѓу електрично возило и plug-in хибрид?
Како функционира plug-in хибридно возило?
Која е разликата помеѓу хибридно и plug-in хибридно возило?
Што е EV, BEV, HEV, PHEV или FCEV возило?
Постојат неколку кратенки за различните типови електрични и plug-in хибридни возила:
- EV или „Електрично возило“ и BEV за „Battery Electric Vehicle“(Електрични возила на батерии) за 100% електрични возила;
- HEV или „Hybrid Electric Vehicle“ за хибридни електрични возила кои се опремени со електричен мотор и мотор со внатрешно согорување;
- PHEV или „Plug-in хибридни возила“ за автомобили опремени со мотор со внатрешно согорување и електричен мотор со батерија што може да се полни;
- FCEV или „Fuel Cell Electric Vehicle“ за електрични возила кои користат горивна ќелија на водород наместо батерија.
ВОЗИЛА ЗА КОМПАНИИ
Дали електричите возила се најдобриот избор за мојот бизнис?
И за компанијата и за возачот, електричните возила имаат бтојни предности:
- исти димензии и простор за товар како и кај бензинската или дизел верзијата;
- помалку одржување и сервисирање;
- поудобно возење: помалку бучава, помалку вибрации;
- нула емисија на CO2: пристап до зони со ниски емисии.
- опсег до 400 km.