СВЕТОТ Е ПОДОБАР СО ALLURE
 

 

Нашата визија за иднината не е само електрична, туку е просветлена. Нашата цел: да поттикнеме промени правејќи ги неодоливи, притоа останувајќи верни на вредностите што го водат и инспирираат нашиот бренд повеќе од два века.

 
 
СВЕТОТ Е ПОДОБАР СО ALLURE
 
Нашата визија за иднината не е само електрична, туку е просветлена. Нашата цел: да поттикнеме промени правејќи ги неодоливи, притоа останувајќи верни на вредностите што го водат и инспирираат нашиот бренд повеќе од два века.
 
 
НАШАТА 100% ЕЛЕКТРИЧНА ПОСВЕТЕНОСТ
 
Во PEUGEOT, целосно ја прифаќаме електричната енергија. До 2025 година, сите наши возила ќе бидат електрифицирани. Нашата цел е јасна: да го направиме PEUGEOT водечки европски електричен бренд до 2030 година. Бидејќи за нас, електричната енергија и еколошката одговорност значат уште повеќе возбудување.  
 
 
 
ВЛЕЗЕТЕ ВО СВЕТОТ НА ЕФИКАСНОСТА

 

Во PEUGEOT, си поставивме цел да постигнеме јаглеродна неутралност до 2038 година. За да го постигнеме ова, развивме низа иновативни и еколошки одговорни електрифицирани погонски единици, вклучувајќи електрични, хибридни и plug-in хибрид модели.

ВЛЕЗЕТЕ ВО СВЕТОТ НА ЕФИКАСНОСТА

 

Во PEUGEOT, си поставивме цел да постигнеме јаглеродна неутралност до 2038 година. За да го постигнеме ова, развивме низа иновативни и еколошки одговорни електрифицирани погонски единици, вклучувајќи електрични, хибридни и plug-in хибрид модели.

 

EЛЕКТРИЧНИ

Со извонредна ефикасност, нула емисија на CO2 и ниски трошоци за одржување, нашата електрична понуда на PEUGEOT ветува богато емоционално искуство при возење.

PLUG-IN ХИБРИД

 

Изборот на plug-in хибрид значи добивање на најдоброто од двата света. Во град, можете да возите во 100% електричен режим. А за подолги патувања, сè уште го имате и присуството на моторот со внатрешно согорување.

ХИБРИД

 

Со батерија што се полни за време на возење, оваа технологија обезбедува дополнителен вртежен момент при ниски вртежи. Во град, овозможува намалување на потрошувачката на гориво до 30% и 50% од времето поминато во режим со нула емисија.

 
 
ВОЗЕТЕ НЕО-ПЕРФОРМАНСИ
 
 
 
ВОЗЕТЕ НЕО-ПЕРФОРМАНСИ
 
 
ИЗВОНРЕДНОСТА НА PEUGEOT SPORT КАКО СТАНДАРД
 

Совршена комбинација од спортски дух и технологија со ниски емисии, линијата PEUGEOT SPORT ENGINEERED ја користи целата експертиза на PEUGEOT SPORT за да Ве однесе во свет на високи перформанси. Уживајте во ефикасноста и возбудата на plug-in хибриден мотор кај новите PEUGEOT 508 и 508 SW PEUGEOT SPORT ENGINEERED.

ДВЕ ИНОВАТИВНИ АРХИТЕКТУРИ
 
 
 
ДВЕ ИНОВАТИВНИ АРХИТЕКТУРИ

 

 

 

ЕMP2(i) Efficient Modular Platform 2: ефикасна модуларна платформа 2 што се користи за моделите PEUGEOT 308, 308 SW, 408, 3008, 5008, 508, 508 SW, e-rifter, e-Traveller, Partner и Expert  И CMP/e-CMP (i) Common modular platform: заедничка модуларна платформа што се користи за моделите PEUGEOT 208/e-208 и 2008/e-2008  ПЛАТФОРМИ

Овие две платформи, во центарот на дизајнот и производството на нашите модели, обезбедуваат:
  • Модуларна архитектура во однос на димензиите (хечбег, SW, SUV и комерцијални возила)
  • Разновидни погонски единици (електрични, plug-in хибридни, хибридни, 3 или 4 цилиндрични, погон на 4 тркала, ...)
  • Намалување на масата на возилото и пониска емисија на CO2
  • Иновативни избори за оптимизирање на задоволството при возење, удобноста и безбедноста
  • Поголема+ слобода на стил (поголеми тркала, варијабилност на меѓуоскините растојанија, итн.) за сите стилови на каросерија (хечбег, SW, SUV и комерцијални возила) (i) хечбег, SW, SUV и комерцијални возила 
 
ИНОВАЦИИ ВО ВНАТРЕШНОСТА
 
 
ИНОВАЦИИ ВО ВНАТРЕШНОСТА

 

 

 

PEUGEOT i-COCKPIT®

 

PEUGEOT i-Cockpit® го подобрува Вашето искуство во возењето. Со својот компактен управувач, head-up дисплеј и голем екран на допир, овој кокпит овозможува подобрена ергономија, дизајн и технологија во возилото.

i-TOGGLES

 

Целосно прилагодливите PEUGEOT i-Toggles Ви овозможуваат брз и интуитивен пристап до основните секојдневни функции. Поставете ги и зачувајте ги Вашите сопствени преференции за екранот, темата и поставките.

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ

 

PEUGEOT разви бројни технологии за да Ви помогне при возењето и да ја обезбеди Вашата безбедност:

  • Полуавтономно возење со Drive Assist+ Pack.
  • Помош при паркирање со поглед од 360°.
  • Детекција на слепи точки.
  • Night Vision систем.

STOP & START

 

Комбинирајте ги еколошките перформанси со задоволството при возење со функцијата Stop & Start. Идеална за градско возење, функцијата Stop & Start автоматски го исклучува моторот кога возилото е во мирување и повторно стартува веднаш кога возењето продолжува.

ПОВРЗАНИ УСЛУГИ* 

Достапни директно на екранот на Вашето возило и Вашиот паметен телефон, поврзаните услуги придонесуваат за Вашата безбедност. Тие овозможуваат да ги оптимизирате Вашите патувања и да го управувате Вашето возило од далечина преку Вашиот паметен телефон.

*Во зависност од државата

 
 
ПОСВЕТЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ИДНИНАТА
 
 
Покрај усогласеноста со еколошките стандарди, целта на PEUGEOT е да биде лидер во одржливата мобилност.
ПОСВЕТЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ИДНИНАТА

 

Покрај усогласеноста со еколошките стандарди, целта на PEUGEOT е да биде лидер во одржливата мобилност.

ЦЕЛ ЗА НУЛА ЈАГЛЕРОД

PEUGEOT ја забрзува својата енергетска транзиција и е посветен на:

  • Преполовување на емисијата на CO2 до 2030 година.
  • Постигнување на нула јаглероден отпечаток до 2038 година.

 

РЕЦИКЛИРАЊЕ НА БАТЕРИИ

 

PEUGEOT е посветен на понуда на гама од 100% електрични модели до 2025 година.

Во пристапот на кружна економија, брендот развива одржлив бизнис модел за електричните батерии вградени во неговата гама.

Тие можат да се поправаат, преработуваат или повторно да се користат надвор од возилото за да се продолжи нивниот работниот век што е можно подолго.

Батериите што повеќе не се поправливи или не можат повторно да се користат за други намени се рециклираат за да се направат нови.

ПОТРОШУВАЧКА И ЕМИСИИ (i)  Емисии на азотен оксид (NOx) и честички (PM) ПРИ УПОТРЕБА

За да им понуди подобри информации на своите клиенти, PEUGEOT, бренд од групацијата Stellantis, нуди пристап до мерење базирано на протокол за мерење на потрошувачката на гориво и емисиите во реални ситуации.(i) Овој протокол вклучува мерење на потрошувачка на гориво и емисиите во реална употреба на возилата во сообраќај, на пат од 92,3 km што комбинира град, пат и автопат. Тестираните возила се движат по отворени патишта под нормални услови на сообраќај, превезувајќи патници и багаж. Исто така, се користи клима уред или греење. Патиштата имаат наклони што се репрезентативни за условите на употреба*.Дадените бројки, кои треба да се разликуваат од потрошувачката на гориво според одобрението за тип на ЕУ (единствените официјални вредности), зависат од овие претпоставки и услови и од протокол што не е хармонизиран во рамките на ЕУ. Затоа, тие немаат општа вредност и се дадени само за информативни цели. Протоколот за мерење е достапен на веб-страната на Stellantis Group, www.stellantis.com. При споредување на вредностите на потрошувачката на гориво или емисијата на CO2 на ново патничко возило врз основа на хармонизиран протокол за тестирање на ЕУ, треба да се користат официјалните вредности на потрошувачката на гориво или емисијата на CO2. За повеќе информации, посетете ја веб-страната www.peugeot.mk.  утврден со невладината организација Transport & Environment(i) Transport & Environment: Европско здружение за животна средина специјализирано за спроведување на политика за одржлив транспорт и федерација France Nature Environnement (i) France Nature Environnement: Француска федерација на здруженија за заштита на природата и животната средина . Со тоа, PEUGEOT, бренд од групацијата Stellantis, е посветен на транспарентност на своите клиенти

 

 
 
КОНКРЕТНА ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА
 
 
КОНКРЕТНА ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА

 

 

 

PEUGEOT Inception Concept е совршено олицетворение на нашата визија и вредностите на брендот и ја најавува најновата генерација на електрични возила.