СТАВЕТЕ ГО ВАШИОТ БИЗНИС НА ПРВО МЕСТО

СТАВЕТЕ ГО ВАШИОТ БИЗНИС НА ПРВО МЕСТО

 
 
ПРЕДНОСТИ
ОД КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

Нашите електрични модели се дизајнирани да ги задоволат најспецифичните потреби на вашата професија.

Поеки одговорни кон животната средина, поефикасни, поекономични за користење и сè поинтелигентни, тие ви носат флексибилност во секојдневието и ново искуство при возење.

Подолу е преглед на придобивките од електричните возила за деловни корисници.

 
 
ПРЕДНОСТИТЕ ОД
КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

 

Нашите електрични модели се дизајнирани да ги задоволат најспецифичните потреби на вашата професија.

Поеки одговорни кон животната средина, поефикасни, поекономични за користење и сè поинтелигентни, тие ви носат флексибилност во секојдневието и ново искуство при возење.

Подолу е преглед на придобивките од електричните возила за деловни корисници.

 
МНОГУ Е ЕДНОСТАВНО ДА СЕ ВОЗИ НА СТРУЈА
 

Купување, опсег и управување со полнење, одржување, далечинска контрола, неспоредливо задоволство при возење...

Откријте колку е лесно да преминете на 100% електричен погон.

 
МНОГУ Е ЕДНОСТАВНО ДА СЕ ВОЗИ НА СТРУЈА
 

Купување, опсег и управување со полнење, одржување, далечинска контрола, неспоредливо задоволство при возење...

Откријте колку е лесно да преминете на 100% електричен погон.

1. Како да го полнам моето електрично возило?

 

НА РАБОТНОТО МЕСТО


Како и со вашиот паметен телефон, можете да го полните вашето електрично возило едноставно со приклучување во обичен штекер. Можете да го изберете најсоодветното решение за полнење преку нашата широка понуда на опрема, како и инсталација за дом или работно место.

НА ПАТ


Планирате службено патување? Со апликацијата Free2move Charge* имате пристап до најголемата мрежа на станици за полнење во Европа.
*Во зависност од земјата.

2. Дали моето електрично возило има доволен досег за сите мои патувања?

 

Со до 420 km(i) вредностите за досег и потрошувачка на електрична енергија се утврдени според WLTP тест-постапката, врз основа на која новите возила се одобруваат од 1 септември 2018 година. Тие може да варираат во зависност од реалните услови на користење и различни фактори како што се: брзината, термичкиот комфор во возилото, стилот на возење и надворешната температура. Времето на полнење особено зависи од моќноста на вградениот полнач во возилото, кабелот за полнење, како и типот и моќноста на станицата за полнење. За повеќе информации, обратете се во продажното место. Опсегот на PEUGEOT електричните возила ви обезбедува спокојство во текот на работниот ден. Планирате патување? Апликацијата Free2move ви помага да ја испланирате вашата рута, со вклучени застанувања за полнење на возилото.

3. Дали електричното возило е поскапо за купување? А во секојдневна употреба?

 

При купување на вашето електрично PEUGEOT возило, можете да искористите повеќе државни и регионални субвенции, кои може да се комбинираат и прилагодат според вашите потреби.

На пример, компаниите може да бидат ослободени од данок за користење на возило (TVU) доколку возилата се електрични или plug-in хибридни и емитуваат помалку од 60 g/km CO₂.

Даночни олеснувања, заштеди на гориво, намалени трошоци за одржување... вкупниот буџет за набавка и долгорочна употреба е понизок кај електричните возила.

4. Паркирање и сообраќај, кои се предностите?*

 

Да се има електрично службено возило носи многу предности за вас и вашата компанија:

  • 6 последователни часа бесплатно паркирање (картичка за возила со ниски емисии);
  • 2 часа бесплатно паркирање во неколку градови во Франција, благодарение на зелениот диск;
  • Слобода за користење на возилото секој ден, дури и кога се воведени ограничувања за сообраќај при зголемено загадување на воздухот.

*Во зависност од земјата.

5. Какво е чувството да се вози електрично возило?

 

Со нашата целосно електрична понуда, доживејте неспоредливо задоволство при возење: 0 бучава, 0 вибрации, 0 менување брзини, 0 гориво, 0 CO₂ емисии при возење и 0 мирис.

Во град, електричните возила исто така помагаат во намалување на бучавата. Тоа го подобрува вашето возачко искуство и придонесува за поголем мир и удобност за вас и вашите патници.

 
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА
 
Со комбинирање на впечатлив дизајн, врвни еколошки перформанси и иновативни технологии, нашата целосно електрична понуда на комерцијални возила ќе ги задоволи сите ваши потреби за мобилност, како и потребите на вашата компанија.
 
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА
 
Со комбинирање на впечатлив дизајн, врвни еколошки перформанси и иновативни технологии, нашата целосно електрична понуда на комерцијални возила ќе ги задоволи сите ваши потреби за мобилност, како и потребите на вашата компанија.
 
ПРЕДНОСТИТЕ ОД ВОЗЕЊЕ НА СТРУЈА, 
ШТО ТРЕБА ДА ЗАПОМНИТЕ 
 

ПРЕДНОСТИТЕ ОД ВОЗЕЊЕ НА СТРУЈА, ШТО ТРЕБА ДА ЗАПОМНИТЕ 

 
 
НАЈДОБРОТО ОД ДВАТА СВЕТА 
СО PLUG-IN ХИБРИДНИТЕ ВОЗИЛА
 

НАЈДОБРОТО ОД ДВАТА СВЕТА СО PLUG-IN ХИБРИДНИТЕ ВОЗИЛА

Дали сте професионалец или менаџер на возен парк во вашата компанија и секојдневно правите многу долги патувања? Комбинацијата од електричен мотор и бензински мотори е тука за вашето секојдневие и ќе ги задоволи потребите на вашата компанија.

  • Намалени CO₂ емисии
  • До 66 km досег во целосно електричен режим и до 700 km во хибриден режим
  • Ослободување од данок за користење на возило
  • Неограничен пристап до центарот на градот
 
 
ХИБРИДЕН МОТОР
СОВРШЕНИОТ БАЛАНС ПОМЕЃУ МОЌ И ЕФИКАСНОСТ
 
ХИБРИДЕН МОТОР: СОВРШЕНИОТ БАЛАНС ПОМЕЃУ МОЌ И ЕФИКАСНОСТ
 

Со Hybrid, уживајте во оптимизирана потрошувачка и сите предности на електрифицирано возење во град:

 

  • Електрично возење: повеќе од 50% од времето при возење во град (i) Според WLTP урбан циклус: времето на електрично возење може да варира во зависност од стилот на возење и нивото на наполнетост на батеријата.  
  • Намалување на CO₂: до 20% (i) Комбинирана WLTP потрошувачка споредено со еквивалентен бензински мотор  
  • Заштеда на гориво: до 20% заштеда во град (i) Комбинирана WLTP потрошувачка споредено со еквивалентен бензински мотор  
  • Автоматско полнење: нема потреба од приклучување, се полни додека возите