ФАБРИЧКА ГАРАНЦИЈА ЗА НОВИ ВОЗИЛА 

Добијте ги сите предности на целосната гаранција при купување на нов PEUGEOT, со покриени фабрички дефекти, бојата и корозија. PEUGEOT дури и ги надминува законските гарантни обврски во одредени околности. Фабричката гаранција на PEUGEOT важи низ цела ЕУ и во 15 други земји или региони. Работата опфатена со овие гаранции ја извршуваат бесплатно професионалци во мрежата на PEUGEOT.

 

Вклучени гаранции

ФАБРИЧКА ГАРАНЦИЈА

Покрива:

• Неисправни делови со исклучок на доловите кои се предмет на нормално абење и гребење (на пример: плочките на сопирачките)

 

Coдржина на фабричката гаранција:

• Поправка или бесплатна замена на неисправни делови

• Надоместување на трошоци за дефект или влечење доколку се случи дефект што е покриен со гаранцијата

 

Времетраење/km :  

• 2 години од денот на испораката

• Без ограничување на километража

БОЈА

Покриени дефекти:

• Оштетување на бојата и лакот на оргиналната каросерија

 

Coдржина на гаранцијата за боја:

• Фарбање или лакирање (дел или целосно) за да се исправи оштетувањето

 

Времетраење/km:

• 2 години (за патнички и комерцијани возила) 

КОРОЗИЈА

Покриени дефекти:

• Корозија: надворешно или внатрешно на каросеријата

 

Coдржина на гаранцијата за корозија:

• Поправка или замена на деловите каде корозијата е видлива

 

Времетраење/km:

• 12 години (патнички возила) 

• 5 години (комерцијани возила) 

EЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА 

Cодржина на гаранцијата на електрични возила:

• Покрај гореспоменатото покривање, електричните и хибридните возила имаат 8 годино гаранција за батеријата 

КАКО ФУНКЦИОНИРА ВАШАТА ГАРАНЦИЈА ВО 6 ТОЧКИ

Каде може да се најдат деталите за гаранциите?

Ќе ги најдете деталите за гаранциите на кои имате право опишани во сервисната и гаранциската книшка што ви е предадена при купувањето на вашето возило PEUGEOT.

Како функционира гаранцијата?

Доколку имате инцидент по купувањето на Вашиот PEUGEOT (дефект, оштетување на бојата, перфорација на каросеријата), посетете сервисен центар на PEUGEOT со Вашата Гаранциска и сервисна книшка. Само овластен техничар на PEUGEOT може да процени дали дефектот може да се поправи според комерцијалната гаранција на PEUGEOT.

И што ако се случи дефект додека е сè уште возилото е под гаранција?

Доколку се расипе возилото, треба да контактирате со службата за помош на пат PEUGEOT. Нашите експерти најдобро ќе можат да се справат со инцидентот во најкраток можен рок. Дополнително, сите трошоци за услугата за дефект или влечење ќе бидат покриени додека не пристигнете во најблискиот PEUGEOT сервисен центар (во максимален радиус од 100 km). Доколку времето за поправка на Вашето возило е подолго од два часа, Вашиот сервисен центар ќе Ви понуди алтернативно превоз за да го продолжите Вашето патување.

Продолжување на гаранцијата по купувањето

Можете да се регистрирате за продолжување на гаранцијата до последниот ден од вашата договорна гаранција. Доколку сакате да го направите ова, едноставно контактирајте го Вашиот дилер.

Дали гаранцијата истекува при препродажба?

Вашата гаранција е пренослива на новиот сопственик на Вашето возило и истите услови важат за остатокот од договорот.

Кого можам да контактирам ако имам прашање во врска со гаранцијата?

Сите релевантни информации за гаранцијата можете да ги најдете во Гаранциската и сервисна книшка што Ви беше дадена при испораката на Вашето возило. Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте го Вашиот дилер на PEUGEOT.
Продолжена гаранција за нови возила
Гаранцијата од 5 години вклучува: 2 години фабричка гаранција + 3 години продолжена гаранција. 
КОНТАКТ
Контактирајте го Вашиот дилер 
Доколку имате какви било прашања во врска со гаранцијата на Вашето возило, контактирајте го Вашиот дилер на PEUGEOT. 
КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ДИЛЕР