PEUGEOT СЕРВИС
Направете го вистинскиот избор кога станува збор за одржување на Вашето возило!
Во Peugeot сервис, грижата за Вашиот автомобил е наш приоритет, за да можете да уживате во беспрекорно искуство со целосна доверба. Вистинско партнерство помеѓу Вас и Peugeot сервис.
Знаеме дека сакате најдобро можно искуство со Вашиот Peugeot.
Тимовите на Peugeot сервис се вистински експерти за Вашето возило и секогаш се обучени за најновите технологии и софтвер што се користат на Вашиот Peugeot.
Искористете ги нашите услуги, од удобноста на Вашиот дом, за да го испланирате и организирате одржувањето на Вашиот PEUGEOT во нашите сервисни центри, да ги потврдите поправките и да бидете информирани од нашите експерти на PEUGEOT сервис.
Поедноставете го Вашето одржување, за задоволство при возење кое никогаш не престанува.
ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН ОНЛАЈН
ДОЗВОЛЕТЕ СИ ДА БИДЕТЕ ВОДЕНИ
ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА ОНЛАЈН
БЕЗ НЕПРИЈАТНИ ИЗНЕНАДУВАЊА
РЕШЕНИЈА ЗА МОБИЛНОСТ
ЕЛЕКТРОНСКО ВИДЕО НА ПРОВЕРКА НА СОСТОЈБАТА
ИНФОРМИРАНИ СТЕ ЗА СÈ
РЕШЕНИЈА ЗА ПЛАЌАЊЕ
СЛОБОДАТА НА ИЗБОР
Поправките или одржувањето понекогаш се случуваат во погрешно време. Сепак, осигурувањето дека секогаш имате автомобил во добра состојба е исклучително важно за Вашата безбедност и безбедноста на Вашите најблиски.
Поради ова, за да Ви овозможи да возите спокојно, а воедно да ја задржите контролата врз Вашите финансии, PEUGEOT сервис нуди нови услуги дизајнирани да го олеснат и пораспределат плаќањето за услугите на сервисниот центар.
Искористете ги нашите можности за плаќање за дополнителен спокој. Без дополнителни трошоци. Едноставно и брзо. Целосно безбедно.
PEUGEOT АСИСТЕНЦИЈА - ПОМОШ НА ПАТ
МОЖЕТЕ ДА СМЕТАТЕ НА НАС
Искористете ги предностите на PEUGEOT Assistance доколку Вашето возило е имобилизирано (дефект или несреќа).
Ќе бидете згрижени во случај на дефект или доколку Вашиот автомобил не е во возна состојба и треба да се влече, што ќе Ви овозможи да го продолжите Вашето патување, веднаш до Вашиот праг доколку е потребно.
Сите возила на PEUGEOT имаатпридобивка од PEUGEOT Assistance доживотно кога ќе ги извршите сите годишни одржувања во рамките на нашата мрежа.