ПОЛНЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА PLUG-IN ХИБРИДНО ВОЗИЛО
ПОЛНЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА
PLUG-IN ХИБРИДНО ВОЗИЛО
КАКО ДА ГО НАПОЛНИТЕ ВАШЕТО
PLUG-IN ХИБРИДНО ВОЗИЛО?
КАКО ДА ГО НАПОЛНИТЕ ВАШЕТО
PLUG-IN ХИБРИДНО ВОЗИЛО?
ДОМАШНО ПОЛНЕЊЕ
Полнење на вашето возило дома е потполно безбедно, брзо и прикладно, со опцијата Free2move Полнење* на домашни полначи.
Free2move Полнење* понудува инсталациски сервис за вашиот ѕиден полнач (Wallbox) *во зависнот од земјата
ПОЛНЕЊЕ НА ПАТ
Во град, на пат или на отворено со Free2move Charge* картицата за полнење,
може да ги кристите бенефитите на мрежата од повеќе од 1,000,000 станици за полнење низ Европа.
ПОЛНЕЊЕ, СОВЕТИ И ТРИКОВИ
Откријте ги сите совети за максимизирање на времето на полнење на вашиот
PEUGEOT plug-in хибрид.
ПОЛНЕЊЕ, СОВЕТИ И ТРИКОВИ
Колку е помоќен, толку побрзо се полни.
Нудиме помоќни вградени полначи за да се забрза полнењето.
Колку е повисока вредноста, толку е подолго времето на полнење.
Инсталирањето Wall Box дома ќе ви овозможи побрзо да го полните вашето возило.
Времето на полнење се зголемува ако кабелот за полнење е со недоволен капацитет.
Нудиме палета на кабли оптимизирани за максимизирање на времето на полнење..
Вашата батерија се полни побрзо помеѓу 20% и 80% од нејзиниот капацитет.
Започнете го полнењето на вашето возило далечински во вистинско време и следете го напредокот директно преку апликацијата MyPeugeot.
Во студено време, времето на полнење се зголемува.
Со апликацијата MyPeugeot, закажете го полнењето на вашето возило и уживајте во максимален досег, без разлика на условите.
КАКО ДА ГО КОНТРОЛИРАТЕ ПОЛНЕЊЕТО?
За дополнителен спокој, нашата гама на plug-in хибридни возила е опремена со поврзани услуги и
вградени технологии кои го олеснуваат полнењето на вашето возило.
КАКО ДА ГО КОНТРОЛИРАТЕ ПОЛНЕЊЕТО?
За дополнителен спокој, нашата гама на plug-in хибридни возила е опремена со
поврзани услуги и вградени технологии кои го олеснуваат полнењето на вашето возило.
Апликацијата MyPeugeot ви овозможува да го управувате полнењето на вашето plug-in хибридно возило секојдневно, целосно автономно и далечински:
- Следење на потрошувачката во реално време
- Далечинско програмирање на полнењето и следење на неговиот напредок преку апликацијата
- Лоцирање на најблиска станица за полнење со Free2move Charge
Нашите вградени технологии го олеснуваат полнењето на вашето Plug-In хибридно возило:
- Регенеративно сопирање: активирајте го режимот Brake за зголемување на кочењето на моторот и полнење на батеријата при успорување
- Планер: планирајте ја вашата рута земајќи го предвид нивото на полнење на батеријата и станиците за полнење
ПРОМЕНЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
ПРОМЕНЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
Работата на plug-in хибридната технологија базирана на двоен мотор (електричен + бензински или дизел) го намалува оптоварувањето на деловите кои се подложни на трошење кај моторот со согорување. Затоа, вашето plug-in хибридно возило бара помалку одржување:
- Помал број посети во сервисот
- Помало трошење на сопирачки и дискови
- Полесно поминување на технички преглед
За вашиот спокој, батеријата на вашето plug-in хибридно возило е гарантирана 8 години или 160.000 km, со минимален капацитет од 70%.
Во текот на овој период, секоја сервисна работа е покриена со вашата гаранција.